Вработувања      Референци      Новости    Контакти
 
 
   
       
   
   Новости


 
Јуни  2010

     




Во март 2010 година беше поставена челичната конструкција на Месарскиот мост преку реката Љубљаница поврзувајќи го брегот Петковшек од една страна и брегот Адамич-Лундер од друга. Конструкцијата тежи 225 тона, долга е 33 метри и е составена од три челични греди со модерен изглед на школка.

повеќе ... » »
  
  
 
Maj  2010

     




Во мај 2010 беше поставена нова судска кула во Блед во рамките на комплексот на новиот центар за веслање и арената за целни трки Зака. Кулата со висина од 18 метри и заедно со носечкиот столб содржи околу 40 тони челична конструкција со асиметричен изглед.

повеќе ... » »
  
  
 
        2010

     




На почетокот на оваа година потпишавме договор со АЛПИНЕ БАУ доо за набавка и монтажа на два челични моста на патот Леван – Влора во Албанија, кој што е дел од 8 миот Паневропски коридор. Мостот Фераси кој лежи на мочуришно тло е долг 387 метри и тежи 3000 тона, додека пак мостот Вјоса ја преминува реката која го носи истото име, долг е 130 метри, а содржи 1000 тона челик.

повеќе ... » »
    
  
 
Maj  2009
  
     




На 7 ми мај 2009 година градоначалникот на Љубљана г-дин Зоран Јанковиќ го отвори мостот за премин на пешаци преку каналот Грубер на Шпица во центарот на Љубљана, поврзувајќи ја Шпица со Биотехничкиот едукативен центар, Средното училиште за музика и балет и ботаничката градина и во оваа прилика го пофали професионализмот во изведбата на мостот.

повеќе ... » »
                                 
    
 
Март  2009
   
     




На 24.02. 2009 год. беше монтирана челичната конструкција преку каналот Грубер на Шпица во Љубљана. Мостот е геометриски осмислен како двоен свод. Распонот меѓу челичните структури е 38 м, ширината на мостот на средината е 3,53 м , а на бреговите е 4,40 м.
 
повеќе ... » »
      
      
 
Декември  2008
      
    




Во петок на 5 ти декември 2008 година се отворија нови производствени хали за антикорозиска заштита на челични структури. На ваков начин се заокружува процесот на производство, така, со оглед на големите производствени капацитети, ние можеме да ги нудиме овие услуги на пазарот.
 
повеќе ... » »

   

 

 
 
 
 
   
Метеорит група - сите права се задржани 2009 © - www.meteorit.mk   slo eng / deu mac
   
    web   design