МЕТЕОРИТ во Хрватска во полето на градежниот инженеринг делува со изградба на станбени, деловни, рекреативни и хотелски комплекси соработувајќи со компанијата
Jадран инвест д.o.o.
Компанијата
МЕТЕОРИТ д.о.о.е основана во 1996 година со седиште во индустриската зона во Хоче близу Марибор. Во изминативе години компанијата стана препознатлив бренд како брзорастечки, успешен, флексибилен и продорен бизнис партнер дури и за најпребирливите клиенти.
Основната дејност на компанијата е производство на челични конструкции . Таа дејност се преплетува со металопреработувачката и градежната индустрија, кои се едни од најважните индустриски гранки, во кои во процесите на производство, преработка и монтажа се користат разновидни материјали за да се добијат нови комплексни производи.
Заради сe поголемите барања на клиентите, но и заради достигнување на синергиски ефект последниве години компанијата на својата основна дејност додаде и комплементарни дејности како што се: кровни и фасадни системи, градежен и пазарен инженеринг. Исто така, групацијата ја обезбедува и услугата на тежок транспорт, логистика на сложена машинска опрема и лизинг на машини за изградба и рушење – сите овие активности ги изведува сестринската компанија МЕТЕОРИТ Транс. Групацијата , исто така делува и на полето на пазарниот инженеринг каде што на домашни и странски клиенти им се нудат станбени, деловни, рекреативни и туристички објекти.